Во акција на МВР

Избеган затвореник уапсен во Скопје, носел пиштол и муниција

37-годишен маж кој бил баран за доиздржување на затворска казна, но баран и со уште една потерница за друго кривично дело за кое добил 10 години затворска казна, е уапсен вчера во Скопје. Кај него бил најден пиштол, а оружје и муниција имало и во неговиот дом.

Синоќа на улицата „Карпошово востание" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.К.(37) од Скопје, информира МВР.

„Тој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци, а бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за сторени кривични дела по член .386, член 238 и член 236 од Кривичниот законик, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за сторено кривично дело по член 292 од Кривичниот законик. При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети во различни бои и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела“, соопшти МВР. 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе