Истрели од оружје на околу 100 метри од скопската касарна „Илинден“

Синоќа во 19.15 часот во полициската станица Карпош, од касарната „Илинден" било пријавено дека на околу 100 метри од касарната во правец кон бул.„Словенија" неколку лица испукале огномет, а потоа се слушнале поединечни истрели од оружје, по што повторно имало огномет.

Според пријавеното, информираа денеска од МВР, додека траело второто испукување на огномет, едно испукување завршило во оградата од касарната. Нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе