Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава" со калибар 7,65 мм и два куршуми.
Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари, информираат од скопското Обвинителство.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.