Истрага за велешанецот кој шеташе со пушка во рацете

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес, кој на 18 февруари шетал по улица со пушка во рацете.

Јавното обвинителство од Велес соопшти дека постои основано сомневање дека лицето сторило кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери" од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

„На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка 'Бајкал' од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница“. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка лицето ја носело со себе, кога го запреле полициски службеници. Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, информираат од обвинителството.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе