ЈО

Истрага за скопјанецот кај кого се пронајдени оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторил кривични дела – недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1, како и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишник, во април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми.

Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Јавното обвинителство.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе