Јавно обвинителство Велес

Истрага за пронајдениот хероин во автомобил на автопатот Скопје - Велес

Велешкото Јавно обвинителство отвори истрага против кумановец на возраст од 34 години, кој е осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, а 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи помогнала во извршување на кривичното дело. Пред два дена на автопатот Скопје - Велес полицијата во автомобил откри пакетче хероин.

Од Обвинителството соопштија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама наркотична дрога хероин која првоосомничениот ја држел во просторот за ракофат до возачкото седиште на автомобил „Рено меган" со штипски регистарски ознаки.

„Второосомничената со умисла му помогнала така што му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. Со автомобилот двајцата се упатиле по автопатот, но биле запрени од полициските службеници, при што дрогата била откриена и одземена“, информира  Обвинителството.

По барање на надлежниот обвинител, судот определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе