Истрага против скопјанец кој предизвикал тешка сообраќајка во која едно лице починало

Предизвикал тешка сообраќајна незгода и не укажал помош, поведена истрага против еден скопјанец, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Македонија.

Од ЈО информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 4 декември, осомничениот 25-годишник, управувал со автомобилот „форд фокус“ во сопственост на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промили и со присуство на тетрахидроканабинол во крвта и урината. На крстосница на улицата „Маџари“ со улицата „Палмиро Тољати“ не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот. Со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „рог“, управувано од едно оштетено лице. По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот добил тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, посочуваат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.

 

 

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе