Во Тетово и Гостивар

Исклучени од сообраќај осум неисправни автобуси и комбиња

Осум неисправни возила, од кои три во Тетово и пет во Гостивар, откриле и санкционирале полициски службеници на СВР Тетово во акциската контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња.

Шест од санкциоираните возила, по три од Тетово и Гостивар, имале неисправни сопирачки. Едно возило од Гостивар било со неисправен уред за управување, а едно исто така од овој град со неизвршен технички преглед.

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци, по две во Тетово и во Гостивар, соопшти МВР.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе