Иселеник од Центар Жупа загина во Италија

Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел. Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од оваа, од општина Дебар и од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

„Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија“, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе