Физичка пресметки за нерасчистени сметки

Иселеници кои работеле во Италија, се испотепале пред кафеана во Центар Жупа

Четворица жители на Дебар и исто толку жители од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, синоќа физички се пресметувале пред угостутелски објект во Центар Жупа.

Синоќа околу 22.00 часот, пред угостителски објект во Центар Жупа, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(3) , З.А.(35), Ш.Л.(26) и Б.К.(30), сите од Дебар, од една страна и О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, од друга страна, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека против нив, дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава.

Според очевидци пак станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија а сега  се на одмор во родниот крај, а причина нерасчистени сметки од онаму каде што живеат и работат.

Димоски исто така информираше дека ОВР-Дебар поднесло кривична против А.Д.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење".

„Тој, во текот на септември 2020 година, во месноста „Бадеми", на брегот на Дебарското Езеро, над постоечки објект, бесправно и спротивно на Законот за градба, изградил надградба од тврд материјал со што, се стекнал со противправна имотна корист од 146.520 денари“, рече Димоски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе