Случајот не бил пријавен во МВР

Исчезнатиот ученик од Драчево е најден

„Ве замолувам да го пронајдеме заедно мојот Михаил, последен пат е излезен од дома сабајле и не е отиден во училиште, случајот е пријавен и во полиција". Оваа објава утрово се ширеше по социјалните мрежи, за набргу потоа да биде објавено дена детето по кое се трагаше е најдено.

Од МВР за МКД.мк ни изјавија дека според она што тие го имаат како сознанија детето е најдено, но случај со исчезнато дете кај нив не бил пријавен. По објавата на социјалните мрежи во потрага се вклучила и полицијата, ако случајот не бил пријавен кај нив.

Според неофицијални информации детето било најдено на автобуска станица близу населбата. 

Како што пишува мајката, Михаил заминал во училиште, но до таму не стигнал.

Михаил е облечен во сива маичка без ракави, сини шорц-панталони и сини патики со бело знакче „најк", пишуваше во објавата на социјаните мрежи на која беше споделена и слика од дето

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе