Исчезнатиот маж од Теново е жртвата најдена во водите на Вардар

Тетовската полиција информира дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот. Станува збор за 53 - годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.

„По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство“, информираат од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе