По пријавата во МВР

Исчезнатата Викторија се врати дома

Петнаесетгодишната Викторија која пред една недела беше пријавена за исчезната, вчера се вратила во куќата на нејзините родители. Како што соопштуваат од МВР, нејзината мајка ја известила полицијата дека малолетничката се вратила дома во село Суводол.

За сега не е познато што се крие во позадина на исчезнувањето на девојчето, но од полицијата соопштуваат дека се испитуваат деталите за нејзиното исчезнување.

Родителите преку медиумите бараа помош да се пронајде нивната ќерка. Последен пат била видена во средното медицинско училиште во Битола пред седум дена, а вчера се врати дома.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе