„Инвазија“ на мигранти во Македонија

Полицијата само во текот на вчерашниот ден открила 72 мигранти, на две различни локации, но не ги нашла криумчарите, информираше МВР.

Вчера околу 17.20 часот на магистралниот пат Радовиш– Штип, кај клучката за село Тополница, при преглед на претходно паркирано патничко возило „Форд Транзит“, полициски службеници пронашле 20 лица мигранти, сите државјани на Бангладеш. При преглед на товарно возило „Фолксваген Транспортер“, биле пронајдени уште 21 лице – мигранти, од кои 16 државјани на Бангладеш и пет државјани на Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 Вчера исто така околу 15.00 часот на земјен пат, во близина на клучката за археолошкиот локалитет „Стоби", при преглед на претходно паркирано товарно возило „Мерцедес", полициски службеници пронашле 31 лице – мигранти, од кои 29 државјани на Пакистан и двајца државјани на Бангладеш.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе