Интерпол не го бара Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на Саздовски

Интерпол воопшто не го бара Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо, член на навивачката група Комити, кој крвнички беше убиен на 29 јуни, во населбата Автокоманда. По одлуката на Јавното обвинителство Интерпол од 28 јули го бара Лужа, а според МВР, меѓународната потерница за Љужа е распишана за убиство извршено на свиреп начин.

Но, на официјалната страна на Интерпол нема информација дека се бара такво лице.

Фејсбук групата „Следиме“ открива дека Интерпол воопшто не започнала формална потрага преку нивниот интернет портaл. На официјалната страна на Интерпол бара четворица државјани на Македонија, а еден од бараните криминалци е објавен два пати.

Посебен начин на потрага која не мора да биде објавена на интернет е комуникација со националните полиции членки на Интерпол.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.

Саздовски беше убиен на 29 јуни на автобуската постојка во скопската населба Автокомада. Неколку дена потоа беше распишана меѓународната потерница, но веќе е јасно дека Љужа претходно веќе ја поминал македонската граница.

Неофицијално, Љужа се крие некаде на Косово или во Шведска, кај роднини на неговото семејство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кон крајот на минатиот месец на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува. Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

„Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент обвинителството постапува во овој случај, но дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите“, потенцираше јавниот обвинител.

Двајцата осомничени за убиството на Саздовски, Б.Б. и С.Д., се во притвор.

                                                    

 

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе