„Во угостителски објект во тетовското село Боговиње, сопственост на Џ.Б.(50), биле затекнати четири лица и сопственикот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава", информираат денеска од СВР Тетово.
Сопственикот ќе се соочи со пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".
Во текот на изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 37 лица тетовската полиција им издала прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.