Им се заканувал на гости во казино, па го нападнал обезбедувачот

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А. (27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Пријавениот, според полицијата,  на 19 септември околу 1 часот,  во казино на ул.“Гоце Делчев“ во Куманово, им се заканувал на присутните во казиното при што интервенирал и З.Б. службеното лице за обезбедување од Куманово, а пријавениот после вербална расправија и упатени навреди кон истиот излегол од казиното. По кратко време, пријавениот, се вратил и физички го нападнал З.Б. со што му нанел телесни повреди на телото и главата.  

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе