Ѝ се запалило возилото додека возела

Вчера вечер во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Трета македонска бригада'' во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус'', со скопски регистарски ознаки, додека било во движење, управувано од Е.А. (22) од село Горно Количани, Скопско.

Е.А. добила повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе