СВР Тетово информира

И полицајците изложени на ќотек во тетовско - гостиварскиот регион, за 21 случај кривични пријави

Протестот во Тетово од петокот, кога полицијата беше изложена на физички напади од страна на демонстранти, при што пет лица заработија и кривични пријави, беше повод од СВР Тетово да соопштат дека во тетовско - гостиварскиот регион во последните девет месеци полицајците се често пати цел на физички напади и дека со кривични пријави се процесуирани 21 од случаите на напади врз полициски службеници.

Петте осомничени лица кои се опфатени со кривична пријава „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие" казниво по член 384 од Кривичниот законик се луѓето кои полицијата ги приведе по насилните протести што се случија во петокот во тетовска Мала Речица. Делото „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие" е казниво по член 384 од Кривичниот законик и се предвидени парични и затворски казни, максимално до пет години.

Секторот за внатрешни работи Тетово за речиси девет месеци годинава има поднесено кривични пријави против вкупно 21 лице за повеќе видови кривични дела, а се поврзани со разни видови на напади, спречување при работа на полициски службеници.

Десет од нив се за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста", пет во „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие" и шест за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие".

„Заклучно со 20 септември, во СВР Тетово изготвени и до Основните јавни обвинителства во Тетово и во Гостивар поднесени се седум кривични пријави против десет сторители, од кои седум во тетовско и три во гостиварско за сторени пет кривични дела во тетовскиот регион и за три во гостиварскиот за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста казниво по член 383 од Кривичниот законик“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според кривичниот законик и членот 383 за делото е предвидено парична казна или затвор до три години. Ако при извршување на делото сторителот се заканува со употреба на оружје, го малтретира или го навредува службеното лице предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години. Ако при извршувањето на делото на службеното лице му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Во овој период од јануари до 20 септември евидентирани се и шест кривични пријави, од кои четири во тетовскиот и две во гостиварскиот регион против исто толку сторители за исто толку кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие", согласно член 382 од Кривичниот законик. Исто така предвини се парични и затворски казни, со максимално до десет години.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе