И покрај забраната во скопската населба Карпош работел фитнес-центар

Седум лица биле затекнати во фитенс-центар на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош. Во објектот бил и сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Со новите мерки на ограничување, кои се во сила од 6 април и ќе траат до 20 април, забрана за работа имаат и фитнес-центрите и спортските сали за вежбање.

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе