Како што јавуваат српските медиуми, на самото место на несреќата загинал возачот на „Пежото", М.А. (56), државјанин на Хрватска, а повредени се две жени, седумгодишно девојче и 10-годишно момче, сите четворица македонски државјани.
Децата се пренесени во Детската болница во Нови Сад, а жените се згрижени во Клиничкиот центар на Војводина.
Поради големите оштетувањата на „пежото", повредените лица од автомобилот ги извлекле пожарникари.