Скопје

Хашиш и марихуана пронајдени кај дилер на дрога

Дилер на дрога од Скопје бил уапсен откако полицијата кај него пронашла поголема количина на дрога и пари, информира МВР.

СВР Скопје против Н.Ш. (39), поденсе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Според полицијата, завчера бил извршен претрес во домот на Н.Ш. од каде биле пронајдени и одземени алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашкаста материја, една паковка со прашкаста материја, неколку паковки со 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.

При претресот над Н.Ш. биле пронајдени 23 банкноти во апоени од 2.000 денари, 56 банкноти во апоени од 1.000 денари, 16 банкноти во апоени од 500 денари.

Вештачењето констатирало дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето маса од 447 грама е хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.

За случајот е известен дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе