Групна тепачка по завршување на фудбалски натпревар во скопско

Вчера во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир.

Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а  останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.

Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе