Граѓани од Куманово и струшко добија кривични пријави, ја прекршиле самоизолацијата

Едно лице од струшкото село Драслајца и еден кумановец добија кривични пријави заради непочитување на мерката самоизолација, додека вториот жител на Куманово, сопственик на локал за непочитување на мерката за затворање на локалите, информира полицијата.  

За Ј.Ф.(37) од струшкото село Драслајца, на 18 март при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за четиринаесетдневна самоизолација. Тој, на 16 март оваа година на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид-19 и дека во времетраење од 14 дена во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

До ОЈО Куманово, пак, вчера била поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17 март 2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18 март тој не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

До ОЈО Куманово исто така вчера е поднесена кривична пријава и против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ.

На март пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Владата , при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот, соопшти МВР.  

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе