Поднесено обвинение за убиство

Гостиварец со секира и нож ја убил сопругата, па побегнал со велосипед

Маж од Гостивар е обвинет дека ја убил својата сопруга. Настанот се случи пред околу 5 месеци кога со секира во рака осомничениот ја удрил жената неколку пати во главата, додека таа седела во дневната соба. По ова мажот земал нож од кујната и ја избодел неколку пати во стомакот. Откако ја убил сопругата, гостиварецот се качил на велосипед и заминал од куќата. По убиството беше фатен и заврши во притвор.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт за убиство од член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.

На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.

Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот.

Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото, додаваат од обвинителството. 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе