Поради непочитување на здравствените мерки

Гостиварец лишен од слобода - служел гости по дозволеното работно време

Педесетгодишен гостиварец е приведен од полицијата под сомнение дека служел гости по дозволеното работно време во неговата кафеана во селото Беловиште.

Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер во 22.30 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М.затоа што неговиот угостителски објект во гостиварско Беловиште работел по дозволеното време и во него престојувале осум гости. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот.

По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија", согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе