Гостиварец кој беше пријавен за исчезнат, пронајден мртов

Гостиварец кој бил пријавен за исчезнат на 16-ти месецов, бил пронајден мртов во поток од страна на ловџии, информираaт од МВР.

„Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во атар на село Падалиште, гостиварско на место викано.„Роѓе Исмолит“, од страна на 38-годишниот А.С. и 38-годишниот Ф.И. двајцата од Гостивар, во поток бил пронајден починат 71-годишниот М.Р. од село Падалиште, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.12.2020. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар. Телото на починатиот е пренесено во Медицински центар Гостивар“, соопшти полицијата.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе