Гостиварец фатен со хероин во автомобил, се барал со потерница за повеќе пресуди

Полицијата приведе гостиварец по кој се трагало за издржување на затворски казни. При претрес на возилото во кое се превезувал, најдено е поголемо количество херион.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера околу 13:00 часот го лишиле П.К. (49) од Гостивар. Пред тоа на наплатната рампа Глумово во правец кон Тетово било запрено возило „Пасат", со гостиварски регистарски ознаки, управувано од П.К“, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, при прегледот биле пронајдени и одземени околу 60 грама хероин.

Приведениот П.К. од претходно се барал по наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворски казни за сторени кривични дела.

Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе