Постапка на ОЈО Скопје

Гостиварец да плати 2.000 евра казна оти со фалсификуван ПЦР тест сакал да ја напушти земјава

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е поведена постапка против лице од гостиварското село Сенокос за кривичното дело фалсификување исправа, согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 март, 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром Скопје, употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на  ковид-19 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби“, информираат од гостиварското обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе