Во два одвоени случаи

Гореа автомобили на скопјанец и прилечанец

Ноќва околу 2.50 часот во Скопје на ул.„Тодор Чангов" опожарен е автомобил ланчиа, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С. Н.(40).

Причините за пожарот не се познати, велат од полицијата. Пожарот е локализиран околу 3.30 часот од страна на Бригада за протипожарна заштита.

Додека вчера  во Прилеп на ул.„Свети Наум Охридски“, непознат сторител со непозната запалива течност запалил паркирано патничко моторно возило лада нива, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(58). Од пламенот се опожарени четирите гуми од тркалата на возилото, хаубата, моторот и дел од внатрешноста на возилото.

Опожареното возило е изгаснато од страна на дежурната служба на Територијална противпожарна заштита -Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе