Голтнал ќесичка со марихуана пред да го приведат

Тетовската полиција соопшти дека вчера во околу 20 часот и 20 минути на улица „107″ во Тетово, полицајци лишиле од слобода жител на Долно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдена ризла. Пред лишувањето од слобода, според полицијата, успеал да проголта ќесичка со марихуана.

Два часа подоцна приведени се уште две лица поради кокаин.

„Во 22 часот и 40 минути, во угостителски објект на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Т.(46) од Тетово и 38-годишната И.М. од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во санитарниот јазол на објектот биле пронајдени остатоци од кокаин“, соопшти денес СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе