МВР

Голема акција во Охрид, запленети над 100 килограми хашиш

Околу 100 килограми хашиш вчера полицијата во Охрид пронајде во скопско комбе управувано од државјанин на Турција. Возачот е приведен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.

Од МВР соопштија дека во 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Турција. При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш.

„По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје имал средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција“, пишува во полициското соопштение.

Покрај ова, вчера, како што информираат од МВР, извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе