Голем пожар во скопско, го гаснеле и локалните жители

Вчеа 19,45 часот, Б.А. пријавил дека над с.Љуботен-скопско настанал пожар, при што гореле дрвја и околу три хектари сува трева. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита и локалните жители пожарот бил изгаснат.

На 22 март околу 11,40 часот било пријавено дека на местото викано “Дворишка река“ атар на с.Двориште-беровско, настанал пожар, кој зафатил ниско стеблеста шума и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Берово.

Истиот ден во 19,30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека настанал пожар во с.Скудриње на место викано “Вејзина нива“ при што горело ниско стеблеста шума и дрвја. Пожарот бил локализиран од страна на Противпожарна единица-Дебар во содејство со вработени од Национален Парк -Маврово.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе