Акциска контрола на сообраќајната полиција

Голем број возачи на мотоцикли без заштитна кацига и без возачка дозвола

Сообраќајната полиција им изрече казни на 56 возачи на моторцикли кои немале возачка дозвола, а 103 се казнети зашто возеле без заштитна кацига.

Во зајакната акциска контрола спроведена во текот на вчерашниот ден за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, санкционирани се 213 возачи.

Како што соопшти МВР, од санкционираните, 56-мина возеле без возачка дозвола, 103 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе