„Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022“, напиша Спасовски.