Поради малтретирање во вршење на служба

Го врзале со лисици и го тепале, шестмина полицајци заработија кривични пријави

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба" по член 143 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања.

Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе