ОЈО поведе постапка против две лица

Го тепале со клоци и тупаници, па со ногарка до скршен стол по глава

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство" согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

„Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло" во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво, ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат“, велат од скопското Обвинителство.

Со овие дејствија според Обвинителство, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе