„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот Б.Е. од тетовско Жеровјане, затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „фолксфаген голф" со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, исто така, му било одземено и возилото. Б.Е. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци“, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Вчера поради најдена марихуана околу 17 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Tетово бил лишен од слобода 20-годишник од градот.