Го прегазил виљушкар, починал на пат кон болница

Маж од Свети Николе бил прегазен од виљушкар, по што на пат кон болница починал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

„На 29.08.2020 во 09,00 часот било пријавено дека во с.Ерџелија-штипско, во хангар од работна машина-виљушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал" соопштува полицијата.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе