ПОРАДИ НЕРАСЧИСТЕНИ ИМОТНО- ПРАВНИ ОДНОСИ

Го нападнал братот со шрафцигер, таткото го спречил

Полицијата до Основно јавно обвинителство-Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б. (49) од село Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

На 24 ноември 2016 година околу 15,30 часот во непосредна близина на чајџилницата во село Чегране, настанала вербална расправија помеѓу него и неговиот брат поради нерасчистени имотно-правни односи, при што пријавениот физички го нападнал својот брат, а во еден момент од возилото успеал да земе и еден штрафцигер со кој се обидел повторно да го нападне брат му.

Во натамошното вршење на кривичното дело бил спречен од неговиот татко, а оштетениот случајот го пријавил полициската станица-Гостивар, велат од полицијата

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе