Го фатиле со дрога, а по него била распишана потерница за доиздржување казна затвор

Вчера во Виница, полициски службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница ги лишиле од слобода Д.С.(34) од Крива Паланка, С.Т.(22) од Зрновци, кочанско и Б.И.(37) од с.Грдовци, кочанско.

При претрес, извршен со судска наредба, во патничко возило „ауди", со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С., сопственост на Б.И., во кое сопатник бил С.Т., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кривични дела.

По извршени проверки било утврдено и дека Д.С. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе