Го фатиле на лице место додека крадел во автомобил во Прилеп

Полициски службеници синоќа привеле прилепчанец додека извршувал тешка кражба од возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 21:30 часот на ул.„Рампо Левката" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв", со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото.

И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе