Ги претресла полиција, им пронашле ножеви

Во два одделни случаи синоќа во Скопје, полицајци при извршен преглед кај две лица пронашле ножеви, по што и двајцата биле приведени.

Вчера во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ извршиле преглед над Ш.М.(19) од с.Чојлане, скопско, при што пронашле нож.

Нешто подоцна, околу 19 часот, полицајци од СВР Скопје на ул.„Македонски војски“ извршиле преглед над Ф.С.(21) од с.Љубин, скопско, при што пронашле нож.

И двајцата се приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

По документирање на случаите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе