Нови измами и вознемирувања

Ги лажел дека роднина им загинал во сообраќајка во странство и барал пари за транспорт на телото

Четириесет и четири годишниот Р.М. од Тетово доби кривична пријава за измама поради сомнение дека на граѓани кои имале роднини во странство, им се јавувал телефонски кажувајќи им дека роднина им починал во сообраќајка, а за транспорт на телото треба да уплатат пари. На овој начин пријавениот заработил 2.210 евра.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13:50 часот на улицата „Никола Тесла" во Тетово го лишиле од слобода Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама", казниво по член 247 од Кривичниот законик.

За овие измами поднесена е соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово.
Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2.210 евра.

На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци.

Р.М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе