МВР информира

Гевгеличанец провалил во полициска станица и украл марихуана

Гевгеличанец провалил во полициската станица откаде украл 24 суви растенија Канабис сатива (марихуана) и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија марихуана.

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „тешка кражба" „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" и „загрозување на сигурноста".

Како што соопшти МВР, ова лице на 29 ноември помеѓу 3.30 и 4.00 часот провалил во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и украл 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива.

Следниот ден по овластување на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по што се преземени соодветни мерки за откривање на сторителот.

Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес во домот на Г.Ј. при што биле пронајдени украдените предмети.

МВР соопшти дека за време на претресот пријавениот се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници и дека е уапсен

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе