Германски државјанин уапсен на Попова Шапка по потерница од Интерпол (ВИДЕО)

Германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна криминална група, во заедничка акција на македонската и германската полиција пред три дена бил уапсен на Попова Шапка каде што подолго време престојувал со лажен идентитет.

По него имало меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг кокаин од Јужна Америка до Хамбург.

На 21 август извршен е претрес во викенд куќата и лишен беше од слобода германскиот државјанин.

При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола  и други предмети.

На 22 август МВР поднесе  кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за „фалсификување исправа“. Судија на претходна постапка му одреди  мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе