Фудбалски навивачи со нож нападнале други навивачи во Градски парк

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал денеска до надлежното скопско Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) и двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство" предвидено и казниво по член 386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица извршиле кривично дело „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост" согласно член 319 од КЗ, информираат од МВР.

„Кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени“, појаснуват од МВР.

Истовремено од МВР, посочуват дека известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски во Скопје, каде навивачи движејќи се кон стадионот извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓорче Петров и Ф.К. Вардар, на булевар Ѓорче Петров во Скопје.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе