Фрлил 23 килограми марихуана и избегал

Синоќа околу 22 часот на патот Стење-Царев Двор, Ресенско, биле запленети 23 килограни марихуана.

На патот село Стење-Царев Двор, во близина на село Козјак, Ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г. (46) и В.А. (56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „мерцедес вито” со бугарски регистарски ознаки. Затекнато било и едно лице кое управувало патничко возило „мерцедес“ и кое избегало и во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. 

Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „мерцедес вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот. 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе