Во Прилепско

Фрлено шише со запалива течност во двор од куќа

Вчера во 01.30 часот било пријавено дека во село Дебреште, прилепско, во двор од куќа сопственост на С.М.(53), од страна на непознат сторител било фрлено стаклено шише со запалива течност, при што било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина.

„Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе