Физички напади во Скопје, Охрид и Прилеп

Во МВР се пријавени неколку физички напади извршени во изминатите два дена во Скопје, Охрид и во Прилеп.

Во Полициската станица Карпош, М.П.(61) од Скопје пријавил дека вчера попладне на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ со ул.„Осло“ бил физички нападнат од три лица.

Во Полициската станица Чаир, С.Ш.(44) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека околу 17.30 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.Н.

Во петокот вечерта, пак, во Полициската станица Кисела Вода, Б.Н.(24) од с. Долно Соње, скопско, пријавил дека во с.Долно Соње бил физички нападнат од четири лица.

Вчера попладне во Полициската станица Аеродром, В.Т.(54) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот во влез на зграда на ул.„Анастас Митрев“ бил физички нападнат од две лица.      

Синоќа во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Егејска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.К.(52) и Н.К.(29) врз Г.Б. (32), сите од Охрид. Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.    

Вво ОВР Прилеп, Б.И.(56) од Свети Николе, а со живеалиште во Прилеп, вчера пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Александар Македонски“ бил физички нападнат од две лица. 

За сите случаи се преземаат мерки за расчистување.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе